Од принцезата Кејт се очекува секогаш да изгледа беспрекорно, бидејќи го претставува лицето на британската монархија, а како тоа би и пошло од рака, трошела големи суми пари. Кејт годишно троши по 16 илјади долари за фризер, на козметика за нега на лицето по 4000, додека на шминка одат по 6000 долари годишно.

И тоа не е се, бидејќи принцезата ја сака својата блескава насмевка, па на одржување и белење на забите годишно троши по 7000 долари, а тука се уште и маникирот, педикирот, посетите на козметичар, третмани за лицето и масажи, така да достигнува цифра од 40 илјади долари. Во оваа цифра не е вклучена нејзината гардероба, а познато е дека принцезата Кејт носи облека од брендови од средна класа, како и од луксузни брендови.