Раѓањето на првото дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон се очекува во јули, соопштила кралската палата. Состојбата на Кејт се подобрила откако пред извесно време престојувала во болница, каде била примена поради силни утрински мачнини.

Нејзината хоспитализација го приморала кралското семејство да ја обелодени веста за нејзината бременост порано отколку што било планирано, пренеле медиумите.