Како што пренесуваат медиумите, пријателите на младиот кралски пар имаат информација дека терминот за породувањето е 13 јули и тоа точно за време на четиридневната прослава по повд 60 години од владеењето на кралицата Елизабета. Се очекува Кејт да биде во приватната болница Сент Мери, во истото породилиште во кое се родил и Вилијам.

Островските медиумите веќе составиле листа од славни личности кои се родиле на 13 јули, па пишуваат дека бебето „ќе биде во добро друштво“. Имено, тогаш е роденден на Фрида Кало, Јулие Цезар, Харисон Форд… Официјално, од палатата велат само дека кејт ќе се породи во јули, но не сакаат да го коментираат датумот, како ни полот на бебето. Доколку војвотката од Кембриџ роди девојче, таа ќе биде трета во редот за престолот.