Изгледа де кризата пристигнала и кај благородниците. Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон барала попуст во антикварница за мебел, со кој планира да ја опреми новата семејна куќа. Продавачката била воодушевена од нејзиниот гест, па и одобрила попуст без приговор.
Сопственичката на продавницата Керолајн Комб рекла дека била воодушевена од тоа што принцезата барала поволна цена. За тоа време сопругот на штедливата принцеза, принцот Вилијам, ја чекал Кејт во автомобилот и цело време се досадувал.