По се изгледа желбите на британското кралско семејство и милионите британски граѓани ќе бидат остварени, бидејќи принцезата Кејт Мидлтон изјавила дека сака што поскоро да стане мајка. Таа со принцот Вилијам моментално се наоѓа во официјална посета на Канада. Единаесетте дена, колку што трае нивната посета на северноамериканскиот континент, ќе се паметат по хистеријата на фановите на британското кралско семејство, но и по изјавата на принцезата, која рекла дека сака што поскоро да стане мајка и на својот сопруг, принцот Вилијам, да му подари наследник или наследничка.
Имено, во неделата ноќта парот присуствувал на гала вечера во Градската куќа во Квебек, каде биле дочекани со голема церемонија на кој војвотката Кејт добила прекрасен букет цвеќе. Присутните тврдат дека во таа прилика Кејт изјавила дека што поскоро сака да стане мајка.