Веќе некое време светската јавност се занимава со нагаѓања дали Кејт Мидлтон ќе го спроведе обичајот наречен „Baby shower“ или не. Судејќи според се, младата принцеза ќе се откаже од овој обред. Таа рекла дека таа и принцот се многу богати и дека можат да си дозволат што и да посакаат, па смета дека ваков обичај би бил неприкладен. Идната мајка е многу активна трудница. Неодамна авторски ја заштитила својата титула, со цел да се користи во хуманитарни цели.
Организацијата која ја води заедно со принцевите Вилијам и Хари, е регистрирана во заводот за заштита на интелектуален имот како фондација за „добра и услуги“. Така еден од првите проекти на оваа организација ќе биде изработка на маици за тркачите во маратонот. „Baby shower“ е обичај распространет во западните земји, а донекаде модифициран и во Кина и Индија, а подразбира носење на подароци на родителите, воглавно кога станува збор за раѓањето на првото дете. Подароците ги носат пријателите, бидејќи се смета дека е под честа да се бараат подароци од најблиските членови на семејството.