Војвотката од Кембриџ веќе некое време има проблем со кралицата Елизабета. Таа е во лоши односи со бабата на својот сопруг бидејќи кралицата била таа која забранила роднините на Кејт да бидат кумови на сеуште неродениот наследник на круната.
Кејт сакала кумови да бидат нејзината сестра Пипа и помладиот брат Џејмс. Бидејќи Вилијам е под големо влијание на својата баба, Кејт веќе ја изгубила битката. Работата да биде уште полоша, братот на Кејт бил пред банкрот и барал од својата сестра да му помогне. Војвотката била со скршено срце а принцот не сакал да разговара за новонастанатиот проблем.