Охрид не треба да дозволи да ја загуби автентичноста, им порачале благородничките од “London Seans“ на своите домаќини на заминувањето од Охрид каде престојуваа неколку дена. Тие биле воодучевени од природните убавини и историското богатство на Охрид и ја потврдиле подготвеноста да инвестират во туризмот.
Постетата на принцезата Катерина Караѓорѓевуќ на Охрид која во изминатите три дена ги разгледа знаменитостите во стариот дел на градот и Свети Наум, беше уште една голема шанса да си покажеме каков туризам треба да развиваме., вели проф. д-р Зоран Тунтев, кој ги придружуваше членовите на “London Seans”.
аристократите воодушевени од Охрид
“Се наметна констатацијата дека ние имаме производ за многу специфична клиентела, тоа се богатите луѓе од западниот свет кои не сакаат многу гужва, кои сакаат културен момент и добра услуга“, рече Тунтев. Ако шеснаесетте дами од високото друштво изразија воодушевување од Охрид, рекоа дека градот во основа е многу чист, а луѓето се многу гостољубливи и подготвени да бидат добри домаќини, мислам дека ни е јасен индикатор кон каде треба да го туркаме туристичкиот развој, а тоа е сосема спротивно од развојот на масовниот туризам, додава Тунтев, според кого тоа е уште една потврда што треба да прави и локалната самоуправа, но и граѓаните на Охрид.
Тунтев потврди дека принцезата Катерина и нејзината придружба меѓу која има членови на многу силни лоби групи кои имаат многу моќ и пари, се заинтересирани да и помогнат на Македонија со донации и лобирање, но и да инвестираат во земјава. “Мислам дека зад оваа иницијатива ќе се појави чист капитрал и од она што го слушнав овие три дена тие дефинитивно сакаат да вложат во Охрид“, вели Тунтев.
Според него туристичките работници во моментов не се многу свесни за интересот на странците за Охрид, но како што рече брзо ќе се освестат кога ќе намирисаат капитал. И тие , но пред се локалната самоуправа и државата треба да посветат поголемо внимание на развојот на туризмот. “Ние немаме ресурси за масовен туризам и треба да се фокусираме кон развој на елитниот туризам кој носи многу пари а немора да дојдат голем број луѓе и затоа мислам дека сега сме на крстопат дали ќе го сочуваме овој автентичен амбиент на на што инсистираа и високите гости во придружба на принцезата Катерина кои ни порачуваат да не се “мегодоналдизираме“ и да не градиме хотели кои ќе ја нарушат оригиналноста на оваа средина“, рече Тунтев.
Г. Момироски