По смртта на принцезата Дајана многу детали од нејзиниот живот се појавиле во јавноста, а според последните информации, Лејди Ди пишувала еротски дневник. Дајана наводно запишала што сака принцот Чарлс во кревет, деталите на неговата врска со љубовницата Камила Паркер, како и сексуалните навики на останатите членови од семејството.

Принцезата наводно со тоа сакала да го уценува Чарлс како по разводот би можела почесто да ги гледа синовите, тврди истражителот Алан Пауер. Во јавноста сеуште постојат повеќе верзии за смртта на принцезата. Од тоа дека за нејзината смрт е виновно несоодветното возење, пијан возач, до самата британска полиција.