Официјални полициски извори потврдија дека Принц починал од последиците на предозирање со опијати, јавува AP, пренесува „Макфакс“.

Официјално лице за AP изјави дека тестовите го потврдиле она за што медиумите шпекулираа, а бил испитан и лекарот што го посетувал музичарот двапати неделно. Засега не е јасно дали лекарот ќе се товари за смртта на Принц.

Принц почина на 21 април во 58 година од животот, а безживотното тело на славниот музичар е пронајдено во неговото студио во Мисисипи.

Деновите по смртта полицијата потврди дека смртта не настапила по насилен пат, но повеќе сведоци тврдеа дека легендарниот пејач бил под дејство на опијати, заради што со денови не спиел и изгледал лошо.

Наводно покрај неговото тело биле пронајдени и некои опијати, но за тоа нема официјална потврда.

OhridNews
извор: „Макфакс“