Фудбалерот на ГФК Охрид и миленикот на публиката, Игор Клечкароски доби принова во семејството откако неговата сопруга Јасмина на свет донесе здраво и машко дете. Таа, доцна синоќа, се породи во скопската болница Систина.
- Ова најсреќен ден во мојот живот. Им благодарам на сите за честитките и убавите желби. Сите, дома, да си исчекаме вакви убавини и среќни моменти. – изјави Клечкароски.
Клечкароски покрај задачата за тресење на противничките мрежи во животот доби нова улога која можеби е најглавна и најзначајна.
Честитки Игор и Јасмина!
OhridNews