После еден и пол месец воен тренинг на Фокландските острови, принцот Вилијам конечно се вратил во Велика Британија. Тој наредните неколку денови ќе ги мине далеку од очите на јавноста со својата сопруга Кејт Мидлтон.

Во рамките на тренингот, принцот Вилијам во февруари отпатувал на Фокландските Острови, а за тоа време Кејт повеќе пати изјавила дека отсуството на сопругот воопшто не и годи. Сега кога принцот се вратил, парот планира да мине заедно што е можно повеќе време.