На свеченост што традиционално се одржува во ресторанот Св. Софија, денеска ќе биде извршено примопредавање на кумството за Водици.

Старите кумови, сопствениците на кафе барот „Немо“, кумството ќе им го предадат на Никола Дуданов, д-р Игор Балески и Антонио Бојаџиев.

Годинава Здружението на граѓани за целосна афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“, по петти пат се јавува како организатор на манифестацијата за Водици. По тој повод на неколку членови на управниот одбор на „Богојавление“ ќе им бидат врачени реплики на чесниот крст, во знак на благодарност за нивниот придонес во афирмацијата на верските и културни традиции на Охрид и Македонија.

Г. Момироски