По повод примопредавањето на функцијата гувернер на Народна банка на Македонија, денеска Претседателот Ѓорге Иванов ќе ги прими Петар Гошев и Димитар Богов.

На 21-ви мај истекува седумгодишниот мандат на досегашниот гувернер Гошев, по што на чело на НБРМ ќе застане Богов.

Димитар Богов има 18 години работно искуство. Тој веќе четири години е вицегувернер на Народна банка, од 2002 до 2007 година беше главен економист на Стопанска банка, а претходно има работено во Министерството за финансии како и во Државниот завод за статистика.

OhridNews
извор: Makfaks