Потпишан примерок од албумот на Битлси „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ бил продаден на аукција во САД за рекордни 290 илјади и 500 долари, што е за 30 илјади долари повеќе од проценетата вредност на таа ретка плоча. Како што пренеле медиумите, купувачот бил од САД и сакал да остане анонимен.


На паковката на плочата, која била објавена во 1967 година, се наоѓаат потписи на сите четворица членови на прославената англиска група. Ова е најголемата цена постигната за една плоча на Битлси. Досегашниот рекорд го држела плочата „Meet the Beatels“ од 1964 година која во 2011 била продадена за 150 илјади долари.