Првата македонска фудбалска лига не се најде во топ 40 национални шампионати за последнава деценија, во изборот кој го спроведе Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика.

Во изборот во предвид беа земени пласманот на екипите во европските натпреварувања и учиникот во нив. Македонија не може да се пофали со кој знае каков успех, бидејќи само Вардар последнава деценија успеа да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Останатите авантури на македонски екипи завршуваа во квалификациите.

Првото место и припадна на шпанската Примера, а второпласирана е англиската Премиер лига. Изненадувачки, третото место и припадна на бразилската лига, пред италијанската Серија А и германската Бундес лига.

Од нашите соседи, најдобар пласман има хрватска Супер лига која се наоѓа на 26-та позиција, српската Првата лига е на 32-то место, а бугарскиот шампионат е 37 пласиран.

Комплетниот рејтинг можете да го погледнете тука.

OhridNews