Една италијанка била ствена во куќен притвор откако било утврдено дека уредно ја подигала пензијата на својот сопруг, иако тој починал во далечната 1991 година. Полицијата навела дека вдовицата по смртта на сопругот присвоила повеќе од 150 илјади евра.
Како што пренеле медиумите, властите го заплениле целиот нејзин недвижен имот, межу кои и куќата од 120 квадратни метри. Жената била уапсена во моментот кога во поштата ја подигала пензијата за ноември во износ од 1250 евра.