Еден службеник во јавната администрација во Бразил, 7 месеци примал социјална помош на име на својот домашен љубимец, 4 годишниот мачор со име Бил.
Мачорот Бил, кој службеникот го пријавил како социјален случај, примал месечна помош во износ од 10 долари. Откако бил откриен, службеникот бил обвинет за корупција.
Во Бразил околу 10 милиони сиромашни фамилии добиваат парична помош од владата.