Ентони Арматис од американската сојузна држава Илиноис признал дека подигнал повеќе од 470 илјади американски долари на име плата од една фирма од Њу Џерси во која никогаш не работел. Аматис на суд ја признал вината за кражба. Тужителите објавиле дека во септември 2002 година ја прифатил понудата за работа во фирмата Аваја, но потоа се предомислил.


Меѓутоа, компјутерскиот систем на фирмата го задржал неговото име на платниот список. Средствата стигнувале на неговата сметка во банка се до февруари 2007 година кога ревизорите на фирмата ја забележале грешката. Тужителите бараат казна затвор од шест години и враќање на парите.