Оваа урнебесна комедија го покажува вистинското лице на човекот кој криејќи ја прељубата влегува во комични ситуации на секојдневниот живот.Две сопруги, два стана за на крај да остане без ништо. Тоа е цената на прељубата или седењето на два стола во оваа комедија во еден чин, ќе напише критиката. Охридскта публика уживаше во комедијата која ја режираше Коле Ангелоски. Токму Ангелоски и градоначалникот на Охрид ја имаа честа да се обратат на отворањето на фестивалот кој од годинава влегува во календарот на културни збиднувања во Охрид.
Долг аплауз за прилепскиот театар