Струшките љубители на театарската уметност на 4-ти мај 2015 година ќе имаат можност да ја погледнат претставата „Три варијации на една тема“ во изведба на актерите од прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“.
Претставата која е во режија на Коле Ангеловски се нарекува уште и Прва Прилепска Филмска Комедија. Станува збор за три приказни од секојдневниот живот на релација мажи, сопруги и љубовници и комичните ситуации што произлегуваат од тоа. Приказните се насловени: „Викендичка“, „Три и пол милијарди жени“ и „По олукот надолу“.
Во претставата играат актерите Зоран Иваноски, Даниела Иваноска, Марјан Чакмакоски, Марија С. Илијеска, Наташа Наумоска, Андон Јованоски, Катерина Чакмакоска, Димитар Црцороски, Јасмина М. Станкоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Никола Настоски и Александар Степанулески.
OhridNews