Во организација на СРК „Црна Река“ од Битола на акумулацијата Стрежево изминатиот викенд се одржа 15-ти по ред меѓународен куп на СРК „Црна Река“ – „ Битола 2010“ односно 4 по ред меморијален куп „Христо Пандиловски – Мачорот“ во дисциплина лов риба со јадица на пливка.


Победник на купот е екипата на СРК „Мамец“ од Прилеп, второто место го освои екипата на „Мак Дам “ од Куманово, а со бронзени медали се закитија натпреварувачите на ЗСР „Бабуна“ од Велес. Најдобро пласирана странска екипа е „Риболовачке Приче “ од Врање која го освои четвртото место.


Во поединечна конкуренција победник на купот е Поповски Сашо натпреварувач на „Мак Дам“ Куманово, среброто го освои Небојша Поповиќ натпреварувач на „Риболовачке Приче“ од Врање, а со бронзен медал се закити Ане Тодоров од ЗСР „Бабуна“ од Велес. Се ловеше црвеноперка , плашица, клен и костреж на длабочина од 3 до 5 метри. Просечен улов за три часа е околу 1,5 килограми по натпреварувач.

Ветераните на Металург од Велес победници и во екипна и во поединачна конкуренција.

Во организација на Македонската риболовна федрација на Тиквешко езеро се одржа средба нариболовци ветерани (лица постари од 55 години) . На средбата ветераните се натпреваруваа во дисциплината лов риба со јадица на пливка.


Најдобар пласман во екипна конкуренција постигна екипата на ЗСР „ Металург“од Велес која го

освои првото место, Второто место го освоија ветераните на ЗСР „Вардар“ од Велес, а трето место го освои екипата на ЗСР „Неготино“ од Неготино.


Во поединачна конкуренција со уловени 1880 грама за два часа државен првак е Илија Митев од Велес, вицешампион за 2010 година е Ангел Кароски со уловени 1335 грама, а третото место го освои ветеранот Стојков Стојко со уловени 1135 грама исто така од Велес. Сите три медали во поединачна конкуренција ги освоија ветераните на ЗСР „Металург“ од Велес. Се ловеше плашица, сончаница, костреж и по некое америчко сомче. Просечен улов по натпреварувач за два часа лов е околу 1,2 килограми.

Екипата на СРК Св Апостол Петар го освои 10-то место.

Ohridnews