Клубот Пец-пец и Сашо Цветкоски од Прилеп се прогласени за најдобри годинава во изборот на Македонската риболовна федерација (МРФ). Bрз основа на постигнатите резултати на натпреварите одржани во Македонија, во организација на МРФ, натпреварувачката комисија ги одреди прилепчаните за најуспешни годинава.


Листа на победници:
– дисциплина лов риба со јадица на пливка, сениори: Сашо Цветкоски (Пец-пец од Прилеп);
– дисциплина лов риба со јадица на пливка, клубови, сениори: Пец-пец од Прилеп;
– дисциплина лов риба со јадица на пливка, кадети: Марио Ѓорѓиевски (Пчиња од Куманово);
– дисциплина лов риба со јадица на пливка, клубови, кадети: Црна Река од Битола;
– дисциплина лов риба со јадица на пливка, јуниори: Тео Стојановиќ (Металург од Велес);
– дисциплина лов риба со јадица на пливка. клубови, јуниори: Пчиња од Куманово;
– дисциплина лов на риба со јадица на пливка, ветерани, Илија Митев (Металург од Велес);
– дисциплина лов риба со јадица на пливка, клубови, ветерани: Металург од Велес.