Со започнување на летната туристичка сезона во Охрид е зголемена потребата од крв и крвни продукти. Од тие причини Црвен крст Охрид во соработка со трансфузиолошките служби од Општата болница и болницата “Св.Еразмо” интензивно работат на организирање на летни крводарителски акции со крводарители и од други градови во Р. Македонија.
 
Во таа насока вчера во Општата болница во Охрид по јубилеен 10-ти пат се одржа традиционалната крводарителска акција со  крводарители од Прилеп и Кавадарци. Во акцијата се приклучија и крводарители од ЕМО и СВР Охрид.

Нова крводарителска акција ќе се одржи веќе денеска во болницата Св. „Еразмо“ со крводарители од МЗ Даме Груев од Скопје. Превозот за крводарителите од  Скопје го обезбеди АД Осигурителна полиса, со што помогна во реализацијата на оваа акција, информираат од охридскиот Црвен крст.

ohridnews