Според образложението на полицијата И.А. во периодот од септември 2009 година до март 2010 година, на станичното подрачје на СВР Охрид, поточно во повеќе села, извршил вкупно 10 кривични дела. Тој, во домовите на повозрасни лица, лажно се претставувал дека е овластен од Црвениот Крст или од Центарот за социјални работи, да евидентира лица кои сакаат да добијат прехрамбени производи, покуќнина и друга стока по многу ниска цена, како дел од хуманитарна помош. Притоа, приведениот на Каса прими ги запишувал лицата кои му поверувале и од кои земал пари ветувајќи им дека истиот ден со возило ќе им биде доставена договорената количина на брашно, шеќер, масло, конзерви, сувомеснати производи, ќебиња и друга покуќнина.
Приведениот И.А. од Прилеп доаѓал со нерегистрирано такси патничко моторно возило и низ селата каде го вршел кривичното дело, најнапред од деца дознавал каде живеат постари или хендикепирани лица.
Извор: СВР-Охрид