Првиот ривал на охридските ракометари во Супер лигата Прилеп значајно ja засили екипата со ангажманот на репрезентативното десно крило Златко Мојсоски.
Иако Мојсоски беше промовиран како засилување на Пелистер сепак финансиските проблеми го натераа да бара друга средина.
Искусниот ракометар се одлучи за амбициозниот состав на Прилеп кој сезонава по подолго време се враќа во Супер лигата.
Покрај десното крило прилепчани се засилија со екс ракометарот на Струга, Јованче Угреновиќ, Менде Божиновски, Бојан Цветковски, Петај Когој и Јован Талевски.
Мх.П.