Во екот на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид 19, од Прилеп дојде исклучително позитивна вест. Имено, тамошните текстилни фабрики најавија дека ќе произведат за една недела 2 милиони заштитни маски. И тоа не е се. Тие тоа ќе го направат на свој трошок, односно бесплатно ќе ги дистрибуираат низ земјата.

Денеска се произведени и дистрибуирани првите количини заштитни маски. Приоритет е тие најпрвин да стигнат до службите и институциите на кои им се најпотребни, а потоа ќе ги добијат и граѓаните. Апелираме до нив да не креваат паника, да остана смирени, маски ќе има за сите. – порачаа прилепските текстилци.

Оваа вест предизвика лавина позитивни коментари во јавноста, додтолку повеќе што изминатиот период се појавија информации за недостаток и зголемени цени на медицинските заштитни маски во земјата.

Едноставно, Прилеп повторно е град херој.

Г.М.