Ракометарките на Лихнид пред своите гледачи против Прилеп во Пионерската лига ќе го одиграат последниот натпревар во есенската полусезона.


„Китовите“ во четирите одиграни натпревари до сега имаат забележано три победи, а еднаш претрпе пораз.

Со девет бодови охриѓанки се наоѓаат втората позиција на табелата позади Стружанка која има стопроцентен скор по четири мечеви.

Натпреварот почнува во 12 часот во спортската арена „Билјанини Извори“.

Ohridnews