Ракометарите на Прилеп обезбедија пласман во финалето од четвртфиналната група во Охрид победувајќи го Вардар 2 со 35-28 (15-12).


Прилепчани рутински го добија подмладокот на Вардар кој покажа заби и до 15-та минута имаше егал на семафарот (9-9).

„Жолтите“ во вториот уфрлија брзина погоре, на што младите сили од Вардар немаа одговор и рутински го спроведоа мечот во мирен финиш.


Противник на Прилеп во финалето ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Охрид и Тинекс Пролет.

OhridNews