Екипата на Прилеп се врати во игра за местата кои водат во плејофот откако како гостин успеа да го совлада составот на Радовиш со 35-30.
Со оваа победа прилепчани го отпишаа тимот на Радовиш, се изедначија на табелата со Вардар Јуниор и му се доближија на три бодови на охридскиот ракометен клуб.
Лидерот на табелата Металург фаворитската улога против Тинекс Пролет ја оправда на теренот победувајќи со 27-18. „Металурзите“ со лесниот триумфго задржаа 100% ефект по осум одиграни мечеви.
Деветтата рунда од Супер лигата ќе се комплетира во среда (18 ноември) со дербито на колото меѓу Охрид и Вардар Јуниор.
Мх.П.