Лускузен караван со цена од еден милион долари би требало да се најде на пазарот до крајот на оваа година. Со ознака CR-1 Carbon ќе постави нови стандарди кога се во прашање камперските возила.
Настанала во Индијана, во фабрика која се наоѓа во близина на познатата патека на која се вози Инди 500, а инспирирана е од аеро технологијата. Изработена е од јаглеродни влакна, исти онакви какви што се користат за изработка на болидите и авионите Боинг 787. Има должина од 11 метри, висина три метри и тешка е речиси три тона.