Историчарот Дејвид Болдвин тврди дека открил кој всушност бил Робин Худ. Во својата книга „Робин Худ“ напишал како еден камен гроб од 13 век на гробиштата во Локсли му припаѓал на Роџер Годберд, кој наводно бил фармер, но и крадец.


Неговиот животен пат послужил како темел за приказната за познатиот крадец. Според средновековните документи, заедно со пријателот Волтер Девјас бил обвинет за ловокрадство на елени во шумата Шервуд. Болдвин тврди дека Девјас го инспирирал ликот на Малиот Џон. Гордберг со помош на својата банда ги ограбувал богатите за да им даде на сиромашните, поради што и бил затворен во замокот Нотингем. Според Болдвин, Робин Худ живеел во периодот помеѓу 1230 и 1290 година.