Сите градови имаат своја приказна, само Охрид е град приказна. А градот приказна крие многу други приказни, убави какви што нема на друго место. Во оваа прилика, ред – два за новото убаво на влезот во древниот град, лаунџ бар „Долна Порта“, кој сега е со нов амбиент и понуда за сите вкусови и сечиј џеб.

Лаунџ бар „Долна Порта“, комплетно е реновиран во модерен, индустриски стил, додека заштитен знак на објектот и натаму  е уникатниот и прекрасен поглед на Охридското Езеро, кој нема цена.

По повод отворањето, лаунџ бар „Долна Порта“ ги намали регуларните цени за 20% еден месец на целото мени, кое сега е дигитализирано и може да се скенира и разгледа онлајн.

Приказната за новото убаво во Охрид почнува од „Долна Порта“, сега во современ, топол амбиент и понуда која ги буди чувствата на сите сладокусци.

OhridNews