Репортерката Ана Корен посебно се осврнува на Охрид, неговите 365 цркви, богатото културно – историско наследство и прекрасното Охридско Езеро.
Во кусите видео стории авторот ја опфаќа и поновата историја на земјата од нејзиното осамостојување, конфликтот во 2001, економската состојба, политичкиот систем и се разбира спорот за името со Грција.
Во рамки на новиот серијал „i-List“, CNN секој месец ќе објавува стории за различни држави. Претходниот месец беше емитувана емисија за Грузија, а во мај ќе се емитува серијалот посветен на Македонија кој е поддржан од националната Агенција за странски инвестиции.