Топ вест во речиси сите светски медиуми денеска е предавањето на Радован Караџиќ на судот во Хаг. Тие ги објавуваат и првите фотографии на Радован Караџиќ откако тој беше потшишан и избричен. На фотографиите се забележува дека Радован Караџиќ кој се криеше зад идентитетот на д-р Драган Дабиќ е видно ослабнат и остарен. Караџиќ денеска го имаше првото соочување со обвинителството во Хаг при што истакна дека не го признава судот и дека ќе се брани сам.
Радован Каџиќ ослабен и остарен во Хаг
Ohridnews