Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ заврши синоќа на полноќ и додека прецизно се израчуна вкупниот број, ние одбројувањето ќе го продолжиме со промоцијата на тим билдинг трката на пет километри.

Тим билдинг трката има „задача“ да го крене победничкиот дух во компаниите, институциите и организациите или пак да внесе позитивна енергија кој се акумулира преку трчањето и дружењето.

Минатата година во машка конкуренција во тим билдинг трката победи фитнес центарот Фит Форм, додека во женска славеше Здружението за борба против Мозочен удар.

Напомена, во рангирањето на тим билдинг трката се земаат најдоброто време од првите четири учесници кои ќе пристигнат на целта и затоа минималниот број на една екипа треба да брои четири учесници од ист пол.

OhridNews