Пријавувањето започна за избор на најдобар спортист во Охрид за 2013 година. Пријавувањето ќе трае од 22 декември до 8 јануари следната година. Сите спортски членки во Сојузот на спортови од град Охрид треба да достават листа со резултатите остварени во 2013 година.

За да конкурираат спортистите и клубовите мораат да бидат редовни членки во Сојузот на спортови во спротивно нема да се гледаат нивните резултатите.

Покрај изборот за најдобар спортист ќе се избираат најдобар млад спортист и спортистка, најперспективен спортист и спортистка, најуспешна екипа, најуспешен спортски тренер, спортски работник, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер и признание за животно дело.

Контакт за доставување на листитте е официјалниот маил на Сојуз на спортови ([email protected]), претседател на Сојузот на спортови Охрид, Коста Карадимче (070/249-507), подпредседателот Цветко Чолески (075/393-866) и техничкиот секретар Радован Попоски (075/951-777).

Планиран термин за церемонијата на прогласување на најдобрите, е втората половина на месец јануари 2014 година.

Мх.П.

подпредседателот Цветко Чолески (075/393-866)