На 8 септември по повод денот на Независноста на Македонија во Охрид по 29-ти пат ќе се одржи меѓународниот Атлетски маратон.


Патеката од Свети Наум од Охрид долга 30 километри е една од најтешките на Балканот и бара максимална физичка подготвеност на маратонците.

Пријавувањето за учеството на 29-то издание е во тек и може да се изврши на официјалната интернет страна од маратонот.

На стартот од маратонот години наназад се појавуваат најдобрите атлетичари од Унгарија, Романија, Србија, Албанија, Косово и Македонија.

Ohridnews