Во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.
Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во текот на наредните месеци, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби и пред се, користење на англиска литература за деца, ќе ги надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни вештини, ќе ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.
Поради големата заинтересираност за програмата, родителите треба да пополнат пријава лично во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 9-16 ч, до 20-ви февруари 2015 година.
OhridNews