Граѓаните што во текот на минатата година оствариле приход по основа на закупнини, дивиденди, камати, продажба на хартии од вредност, добивки од игри на среќа, лични примања од странство, како и лични примања од дипломатски претставништва и слично, треба да поднесат годишна даночна пријава најдоцна до 15 март оваа година.

Од Управата за јавни приходи информираат дека досега годишна даночна пријава имаат поднесено 955 физички лица, а се очекува тој број да изнесува 150 илјади.

Годишна даночна пријава не поднесува лицето што остварило само приход од плата, пензија, земјоделска или самостојна дејност.

За неподнесување или задоцнување со поднесувањето на пријавата, УЈП ќе му изрече глоба на граѓанинот во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

Ohridnews