Полицијата од Канзас трага по дете со име Адам Херман кое исчезнало пред десет години, а чие исчезнување е пријавено пред неколку седмици.

-Не знаеме што се случувало со Адам од 1999 година кога е виден последен пат – изјавил локалниот шериф. Не знаеме дали е жив или мртов – додава тој.


Адам имал 11 или 12 години кога исчезнал. Во тоа време живеел во мало гратче во Канзас со родителите кои го посвоиле. Но, неговите посвоители Даг и Валери не го пријавиле веднаш неговото исчезнување, туку напротив, чекале полни десет години.

Нивниот адвокат изјавил дека Даг и Валери чувствуваат голема вина што не го пријавиле веднаш исчезнувањето на својот син. Откако детето побегнало, тие претпоставиле дека си отишол кај своите биолошки родители. Но, и покрај големата грижа тие не го пријавиле исчезнувањето.

И покрај тоа, полицијата засега нема покренато никаква казнена постапка против родителите.