Американката Карли Хјустон, била уапсена од полицијата во Напервил, Илиноис, бидејќи одбила на еден таксист да му ја плати услугата. Полицајците ја одвеле во локалната полициска станица.
Правото на еден телефонски повик, наместо на своето семејство или на некој пријател, го искористила да ја повика полицијата. На диспечерот му рекла дека е уапсена. За нејзина несреќа, полицајците не ги сфатиле нејзините проблеми. Ја обвиниле за непримерно однесување и лажен повик кон службата за итни случаи.