Една американка открила единствен начин за употреба на својот Фејсбук налог, односно преку него пријавила грабеж. Полицијата во Катануга, Тенеси, соопштила дека 20-годишната жена била ограбена од вооружен човек кој и го одзел и мобилниот телефон.
Бидејќи немала телефон при рака, жената преку Фејсбук го пријавила злосторството и ги замолила своите пријатели на друштвената мрежа да повикаат полиција, а некој од нив и го сторил тоа. Полицијата трага за крадецот, но засега нема уапсени лица.