Во полициската станица во данскиот град Алборг едно лице пријавило дека вооружен напаѓач му упаднал во станот и насилно му одзел десет грама хашиш и помала сума на пари.
Полицијата соопштила дека постои сомневање дека напаѓачот и жртвата се познаваат од претходно, на основа на што веќе имаат еден осомничен. На крадецот го чека казна за провала и кражба, но и на жртвата поради поседување хашиш.