Еден 28-годишен норвежанин од Тромсо пријавил проститутка на полицијата поради тоа што му наплатила услуга а не го задоволила. Поради тоа го казниле со 900 евра. Тој заборавил на новиот закон кој стапил на сила на почетокот на оваа година и според кој се забранува плаќање за сексуални услуги.


Со законот е пропишано дека секој норвежанин за кој ќе биде докажано дека платил за секс ќе биде казнет парично или со казна затвор до шест месеци. Бидејќи ова бил негов прв престап од ваков вид бил казнет со 900 евра, а доколку го повтори престапот ќе мора да оди во затвор.