Пријави за приведените и за организаторот на натпреварот Вардар – Металруг
13.12.10 14:32
За време на одржувањето на ракометниот натпревар помеѓу екипите на “Вардар Про“ и “Металург“ во СРЦ “Кале“ од страна на двете навивачки групи „Комити“ (Вардар) и „Пирати“(Металург), беше нарушен јавниот ред и мир, по што во просториите на ПС „Беко“ беа приведени неколку навивачи поради постоење на основано сомневање дека сториле повреда на чл.3 од Закон за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските натпревари.
Од преземените мерки утврдено е дека вчера околу 19,50 часот за време на ракометниот натпревар дошло до нарушување на ЈРМ, првонаведените шест лица од навивачката група “Комити“ физички ги нападнале лицата Н.М. и А.Д. мислелејќи дека двајцата се навивачи од навивачката група „Пирати“, притоа удирајки ги со тупаници во пределот на лицето и телото. Од нападот Н.М. се здобил со видливи повреди во вид на црвенило во пределот на левата слепочница на главата.
Покрај ова во простириите на ПС „Беко“ беа приведени уште две лица од Скопје, кои пак се приведени заради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело – “напад врз службено лице при вршење работи на безбедност.
Имено, за време на ракометниот натпревар, поточно на споредниот влез од северна трибина во СРЦ Кале, по претходно нарушување на ЈРМ од страна на повеќе лица од навивачката група „Пирати“, малолетно лице Џ.К. (член на навивачка група “Пирати“-Автокоманда) со тапо – тврд предмет удрил еден од полициските службеници кој вршел обезбедување на наведениот спореден влез. Полицискиот службеник бил удрен со еден удар во пределот на носната коска, при што од ударот се задобил со повреда во пределот на носната коска, што било констатирана во ГОБ Скопје.
СВР Скопје по целосно расчистување на случаите ќе поднесе соодветни пријави против учесниците во настаните. Исто така, бидејќи организаторот на натпреварот не превземал доволно мерки на безбедност за спречување и внесување разни предмет (запалки, хартии, рачки од тапани, петарди) од страна на навивачките групи “Комити“ и “Пирати“, што беа фрлани во текот на одржувањето на натпреварот, СВР Скопје и против него ќе поднесена соодветна пријава.
Дербито Металург-Вардар заврши со победа на тимот од Автокоманда со 18-15.
После кратката пауза поради новогодишните празници теквондистите од клубот „Хваранг Фист“ започнуваат со припреми за новата натпреварувачка сезона Клубот е високо рангиран во Македонската олимписка...
Ракометната и спортската јавност силно ја потресе веста за смртта на прославениот ракометен ас, поранешен репрезентативец и актуелен тренер на РК Пролет Александар Јовиќ, кој почина ненадејно синоќ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20:30 часот во Вараждин Арена го игра првиот натпревар на Светското првенство Прв противник на “црвено-жолтите” е ре...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.