Организаторот на атлетскиот хепенинг Охрид трчат на сите учесници кои се пријавиле до денес и на сите кои ќе се пријават онлајн до 12 часот во понеделник ќе им овозможат ексклузивна можност нивното име да стои на стартниот број.

Ги повикуваме сите заинтересирани кои планираат да се дел од Охрид трчаТ да ја искористат оваа можност која организаторот им ја дава и да се пријават во гореспоменатиот временски рок.

Од организациониот одбор потенцираат дека оваа можност ја имаат само тие учесници кои до сега се пријавиле и кои ќе се пријават онлајн до наведеното време 12 часот во понеделник.

OhridNews