Вкупно 59 раскази влегуваат во трка за наградата за најдобар расказ, по повод традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“.
Како што информираат од општина Охрид, се очекува жири-комисијата резултатите од конкурсот да ги објави во дневен печат најдоцна до 31 јули, по што паричната награда за најдобар расказ на добитникот ќе му биде доделена на 13 август.
Во 2012 година, по претходно распишан конкурс за наградата биле пријавени 55, минатата година 48, а оваа бројот на пријавени раскази достигна 59.
OhridNews