Околу 2000 вработени го пријавиле својот работодавец за малтретирање на работното место откако синдикатите во Македонија, почнаа почесто да го отвораат прашањето и да алармираат за Мобингот и Дискриминацијата на работното место. Ова беше истакнато на Семинарот посветен на оваа тема, кој изминатиов викенд се одржа во Охрид и на кој зедоа учество, синдикалните лидери од Сојузот на синдикатите во науката и образованието.

На семинарот беа споменати и конкретни случаи на мобинг кои биле регистрирани и пријавени во рамки на синдикатот во Охрид. Врз основа на дискусијата и приложените проблеми, со цел истите да бидат што побрзо надминати, СОНК предложи да се донесе Декларација за  спречување  и заштита од мобингот и дискриминацијата на работно место. Беше донесен и заклучок, СОНК активно да се вклучи во предлагање на Закон за заштита на вработените од мобинг. Исто така беше одлучено дека за секој откриен случај на мобинг,  јавно ќе се алармира, со цел да се охрабрат сите синдикалците, да се борат за остварување на своите права, во согласност со Колективниот договор.

Следниот дводневен семинар посветен Мобингот на работното место, СОНК го закажа за 22 март.


Пријавени 2000 случаи на мобинг врз вработени