Македонскиот Велосипедски тим составен од Јован Јованоски и Андреј Петровски, доби уште една шанса за да ја покаже својата подготвеност. Според познатиот распоредот, како завршница во велосипедизмот остануваше натпреварот на мешаните Национални тимови „  Жени / Мажи“. Бидејќи женски тим не учествува од Македонија се претпоставуваше дека со завчерашниот натпревар за македонскиот тим завршија натпреварите. Но следеше изненадување од организаторот- покрај национални тимови кои немаат женски тим, исто така учествуваа женски национални тимови кои немаат машки тим, па затоа комисијата оформи комбиниран женско / машки тим. Во оваа комбинација кон нашиот машки тим се приклучи женскиот тим на Литванија. Крајниот резултат на стартната листа е 22 комплетни тимови од Нациите и уште 8 мешани тимови, севкупно 30 тимови, информираат од ВК „Екодром“, чиј член е охриѓанецот Јован Јованоски..

MIX- X01 LTU/ MKD е полниот назив на тимот кој е составен од:

LTU Manikaite Ema
MKD Jovanoski Jovan
MKD Petrovski Andrej
LTU Strainyte Ernesta

Всушност натпреварот претставува штафета, секој натпреварувач има за цел да извози еден круг , каде Ема и Јован возат на патеката за планински велосипедизам, а Ернеста и Андреј возат друмски на патеката за хронометар. Времето тече додека не завршат сите четворица. 18 мин. и 16 секунди е времето на сите четворица што ги рангира на високото 7 место. Овој успех во секој случај е подобрување на пласманот особено за Македонија, ако се земе предвид дека Литванија како женски тим се рангираа на 9-та, а Македонија на 15-та позиција.

OhridNews